Мирка не му дозволи на Федерер да игра на Австралија опен

Мирка не му дозволи на Федерер да игра на Австралија опен

пред 4 години

Роџер Федерер нема да настапи на годинашниот Австралија опен, бидејќи на неговата жена Мирка не ѝ се допаднала идејата со децата да биде 14 дена во карантин, тврди Андре Са, човекот кој во Мелбурн е линкот помеѓу организаторот и играчите на турнирот.

Федерер сакаше да настапи на турнирот оваа година, оти заради повреда на коленото не играл скоро една година. Иако првично најави дека ќе игра во Мелбурно, тој потоа се откажа со објаснување дека не бил доволно подготвен.

„Карантинот е главната причина. Разговаравме пред еден месец и имаше две опции. Можеше да дојде со семејството и сите да бидат во карантин. Проблемот е што Мирка и децата ќе мораа да бидат 14 дена во една просторија. Само играчите смеат да го напуштаат хотелот. Таа идеја не ѝ се допадна на Мирка. Мислам дека таа не му дозволи да игра, а не неподготвеноста. Втората опција беше да дојде сам, што би значело дека треба да биде одвоен од семејството пет недели. Ми рече, имам 39 години, 20 Гренд слем титули. Не сакам толку долго да бидам одвоен од семејството“, рекол Са.

Роџер и Мирка Федерер се во брак од 2009 година и имаат четири деца.

Share
Scroll to Top