Покетино побарал да му го донесат Агуеро

Покетино побарал да му го донесат Агуеро

пред 4 години

Маурицио Покетино, на 2.јануари, беше промовиран во нов тренер на фудбалерите на ПСЖ, а четири дена дебитираше на клупата со 1:1 против Сент Етиен.

Покетино крои планови за преодниот рок, имал во план неколку засилувања, но и ја составил листата на оние што ќе бидат ставени на трансфер-листата.

Бројни европски медиуми тврдат дека Покетино ќе се обиде да го ангажира сонародникот од Манчестер сити, Серхио Кун Агуеро. 32-годишниот напаѓач има договор со Сити до крајот на јуни оваа година.

ПСЖ верувале дека поради тоа Сити би биле расположени да преговараат околу Агуеро.

Покетино сметал дека Агуеро добро би се надополнувал во нападот со Нејмар и Килијан Мбапе.

Share
Scroll to Top