Ковачевски изврши увид во работењето на рудниците Суводол и Брод/Гнеотино

пред 4 години

Генералниот директор на АД ЕСМ, Васко Ковачевски во текот на празничните денови беше во посета на РЕК Битола и на работниците кои за време на празниците Бадник и Божик  ги извршуваа своите работни задачи. Генералниот директор Ковачевски изврши увид во работењето на рудниците Суводол и Брод/Гнеотино, и на Термоелектраната. Ковачевски беше придружуван од помошникот на директорот за производство во АД ЕСМ, Љубчо Кижевски, директорот на РЕК Битола, Златко Ќурчиевски и директорите во  РЕК Битола, се наведува во соопштението.

Share
Scroll to Top