(Фото) Твитерџиите се мајтапат со ЦИА, новото лого им изгледа како плакат за фестивал

пред 4 години

Во понеделникот ЦИА го објави новото лого кое наиде на потсмев кај голем број твитераши. Луѓето коментираат дека истото многу личи на некаков флаер за техно-фестивал.

„Новото лого изгледа како модуларен фестивал на синтисзјер во Берлин“, бил коментарот на познатата комичарка Сара Скујирм, додека новинарот Макс Перл истакнал дека логото изгледало како плакат за фестивалот Мутек.