Шалке го скрши малерот, дуото Хопи–Харит донесе победа по 30 меча без триумф

Шалке го скрши малерот, дуото Хопи–Харит донесе победа по 30 меча без триумф

пред 4 години

Заврши лошата серија за бундеслигашот Шалке 04. Екипата од Гелзенкирхен на својот стадион славеше убедлив триумф од 4-0 и со тоа го „скрши малерот“ – 30 меча без победа. Остана нечепнат рекордот на Тасманија Берлин кој изнесуваше 31 меч без победа.

Што се однесува до мечот, бодовите кои значат придвижување за „сините“ со нов тренер дојдоа благодарение на одличното дуо Метју Хопи – Амин Харит.

Првиот беше стрелец на првите три гола за својот тим, во 42, 57 и 63 минута, а во сите три ситуации Харит беше асистент.

Четвртиот гол за Шалке беше дело токму на Харит, на асистенција на Оцзипка.

На останатите натпревари од попладневниот стандарден термин од 15.30 часот Фрајбург со „петарда“ против Келн 5-0, Ајнтрахт Франкфурт нагости кај Мајнц извојува победа од 2-0.

Баер Леверкузен ремизираше 1-1 со Вердер Бремен, а нерешено 2-2 заврши и дуелот Унион Берлин – Волсфбург.

Share
Scroll to Top