Во Шпанија снег каков што не се памети, луѓе скијаат по улиците на Мадрид

пред 4 години

Шпанија е во хаос. Снежната бура Филомена ја прекри земјата.

Државната метеоролошка агенција соопшти дека ова е најголем снежен нанос во Шпанија од 1971 година, а во Мадрид наврнал од 25 до 50 сантиметри снег, најмногу уште од 1963 година.

Граѓаните скијаат по Гран Вија, една од најфреквентните улици во шпанската престолнина. Другите жители ја искористија бурата за мало возење на сноуборд и гаѓање со снежни топки.

Властите мораа да ја мобилизираат армијата за да спасат луѓе заробени во нивните автомобили. Досега четири лица починаа како резултат на бурата Филомена.

Пред три дена на Пиринејскиот полуостров беше измерена најниската температура, -34 Целзиусови степени. Забележана е во регионот на Арагонија.

Следната недела во Мадрид се очекуваат температури и до -14 степени.

Share
Scroll to Top