Разулавен маж пукал на случајни минувачи во Чикаго: убил три лица и ранил четворица

пред 4 години

32-годишен маж уби три лица и рани уште четворица во серијата пукотници што започнаа во јужниот дел на Чикаго. Пукањето завршило кога бил застрелан од полицијата на паркинг северно од градот.

Истражителите се обидуваат да го откријат мотивот за нападот, кој започна вчера попладне со убиство на 30-годишен студент на Универзитетот во Чикаго, кого Џејсон Најтингел го застрелал во главата додека седел во неговиот автомобил во гаража во Хајд Парк, изјави за новинарите началникот на полицијата во Чикаго, Дејвид Браун.Потоа Најтингел случајно влегол во станбена зграда, оддалечена од блокот, каде пукал во 46-годишен чувар кој седел на маса и во 77-годишна жена која ја земала поштата.

Еден член на обезбедувањето е прогласен за мртов во болницата, а постарата жена, која е застрелана во главата, е хоспитализирана во критична состојба, објави „Чикаго трибјун“.

Најтингејл потоа го продолжил крвавиот пир во друга зграда и киднапирал човек што го познавал, по што отишол во продавница и пукал, убивајќи 20-годишник и ранувајќи 81-годишна жена во главата и вратот, рече Браун. Жената е исто така во критична состојба.

По излегувањето од продавницата, Најтингејл пукал во 15-годишно девојче се кое возело автомобил со нејзината мајка.
Девојчето е во критична состојба, соопшти полицијата.Потоа се вратил во продавницата каде полицајците од Чикаго истражувале претходно пукање и пукал кон полицајците. Никој од полицајците не е повреден, рече Браун.

Најтингејл потоа се возел на север до Иванстон, кој се граничи со Чикаго, каде влегол во продавница обидувајќи се да ја ограби и пукал таму, но не убил никого. Потоа ја преминал улицата и отишол во ресторан каде застрелал жена во глава, која исто така се наоѓа во критична состојба. Најтингејл излегол од ресторанот, бил опколен од полицајци на паркингот и дошло до размена на оган во кој тој бил убиен.

Share
Scroll to Top