Од петок задолжителна онлајн регистрација пред влегување во Австрија

пред 4 години

Од петок, на австриските граници ќе се применува уште построг режим на влез. Соодветната уредба ќе биде донесена деновиве, а министерот за надворешни работи Александар Шаленберг веќе ги извести Австријците во странство за новата мерка.

Тековната мерка за задолжителен десетдневен карантин за сите што доаѓаат во Австрија од ризични региони и земји е продолжена до ново известување. Карантинот може да се прекине со негативен тест само по пет дена изолација.

Дополнително, се воведува обврска за онлајн регистрација пред влегување во земјата. Регистрацијата е задолжителна не само за странци, туку и за австриски државјани.

Како и досега, преку новата мерка се изземени прекуграничните работници, транзитниот сообраќај, како и лицата кои мораат да одат во Австрија поради итни семејни обврски, како и лицата кои се на службено патување, кои нема да треба да одат во карантин или да се регистрираат.

При онлајн регистрацијата, лицето не само што ги наведува името и презимето, како и информациите за контакт, туку и каде престојувало пред патувањето. Така, австриските власти сакаат да обезбедат, на пример, некој што патува од Шведска во Финска, и оттаму во Австрија, да не избегнува карантин, бидејќи Финска е на „зелената листа“ на земји од кои патниците не треба да бидат ставени во карантин.

Покрај тоа, мора да се наведе адресата во Австрија, како и должината на престојот во земјата.

Формуларот што треба да се пополни може да се најде на веб-страницата www.oesterreich.gv.at на германски и англиски јазик.

Share
Scroll to Top