Цеца Ражнатовиќ (46), како што објавија српските медиуми, веќе некое време е во врска со Богдан Срејовиќ (38) од Белград. Според близок извор на парот, тие се запознале на роденденот кај пријател на Цеца, а по неколку недели дружење, двајцата започнале љубовна врска.
„Тие се сретнаа на забава во ресторан . Потоа се видоа уште неколку пати преку заеднички пријател. Прво ја ја криеја врската и се движеа само меѓу најблискиот круг на пријатели. Сепак, од Нова година се појавуваат заедно на јавни места, за што сведочат и овие папарацо фотографии направени во еден белградски ресторан. Пред тоа парот беше на Јахорина каде уживаа во зимската магија со друштвото“, открива извор за порталот Нова.рс.
Богдан работи во угостителството. Тој има еден брак зад себе и ќерката Искра. Откако од порталот ја контактирале Цеца за изјава , таа рекла: Не сакам да го коментирам мојот приватен живот. Збогум “.