Египет 2021: „Петлите“ ја средија Норвешка, Португалија подобра од Исланд

Египет 2021: „Петлите“ ја средија Норвешка, Португалија подобра од Исланд

пред 4 години

Дербито на вториот ден од ракометниот Мундијал во Египет меѓу Франција и Норвешка им припадна на „петлите“ со 28-24. Франција со стартни бодови во групата Е и тоа против директниот конкурент за водечката позиција на табелата.

По израмнетото прво полувреме (13-13), во вториот дел избраниците на селекторот Жил заиграа на повисок степен и покрај феноменалната партија на Сагосен кој постигна 11 гола за Норвешка.

Кај победничката селекција најпрецизен беше Кентин Мае со 9 гола, а по 4 постигнаа Дешат, Нгесан и Ремили. Голманот на Франција, Пардан собра 19 одбрани.
Освен Сагосен, кај Норвешка со по 3 гола беа и Јонгдал, осносно пикерот Мирхол. Во групата Е освен Франција, 2 стартни бода има и Швајцарија која попладнево ја совлада Австрија.

На мечот меѓу Португалија и Исланд решаваа нијанси. Португалија славеше со 25-23 иако во неколку наврати имаше и +5 разлика.

Најпрецизен во португалската селекција беше Соарез со 6 гола, гол помалку имаше Портела, а со 4 погодоци мечот го заврши Гомес.

Кај Исланд во услови кога го немаше Палмарсон најпрецизен беше Елисон, со 6 гола. Во оваа група Ф, по првото коло освен Португалија, со 2 бода е и селекцијата на Алжир по денешниот триумф над Мароко.

Share
Scroll to Top