Не може да ги најдеме на мапа, но денеска ќе играат на Мундијалот во Египет

Не може да ги најдеме на мапа, но денеска ќе играат на Мундијалот во Египет

пред 4 години

Малата островска земја во Атлантикот – Зеленортски острови (Cape Verde) вечерва ќе го има својот прв настап на еден ракометен Мундијал. Секако, тие се потполни аутсајдери во групата во која се и Германија, Унгарија и Уругвај, но самиот пласман на едно СП за нив е огромен успех.

Тие во Египет стигнаа како петтопласирана селекција од Африка откако Сенегал во последен момент се откажа од првенството.

Вечерва од 20.30 часот ќе се судрат со Унгарија, два дена одат на мегдан со Германија, додека во последната рунда ќе се борат против објективно најслабиот од овие три противници – Уругвај.

Освен Зеленортските острови, преставници на овој Мундијал од Африка се домаќинот, па Мароко, Алжир, Тунис, Демократска Република Конго и Ангола.

Во оваа мала островска селекција само еден ракометар се натпреварува на највисоко ниво, Леандро Семедо е член на шпански Адемар Леон, тим кој лани беше втор во Шпанија, зад неприкосновената Барселона.

Во селекцијата е и Иво Сантос кој настапува во германски Бергишер, но покрај ракометот тој има и друга работа.

Share
Scroll to Top