Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски ќе се жени. Веста ја неговата вереница Соња. Денес Арсовски слви роденден, па за него ова бил посебен датум и затоа баш денес ја побарал Соња за жена.
Пред да се решат за брак тие беа подолго време во врска. Вереницата на портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Соња Тодорова по потекло е од Струмица, но веќе неколку години живее и работи во Скопје.
Парот е заедно неколку години, а на социјалните мрежи често споделуваат слики од нивните заеднички патувања.