Атиџе Миратова, ѕвездата на “Медена Земја“, слевеше роденден. Таа вчера наполни 57 години и имаше пролава. Сузана Турунџиева ѝ приреди изненадување со торта и свеќички во еден скопски локал. „Кога некој за првпат во животот слави роденден и за првпат дува роденденски свеќички заслужува (минимум) тродневно славење. Денеска правевме генерална проба, а утре продолжуваме. Среќен 57ми роденден мила Атиџе“, вели Турунџиева.