Вајналдум планира да го оствари сонот и да заигра за Барса

Вајналдум планира да го оствари сонот и да заигра за Барса

пред 4 години

Георгинио Вајналдум ќе ја одбие понудата на Ливерпул за продолжување на договорот и планира да го оствари сонот од детството и да заигра за Барселона следната сезона, тврди британскиот „Дејли мирор“.

Холанѓанецот е привлечен од традицијата на Барса да игра со холандски фудбалери, а исто така би сакал да работи со својот сонародник и поранешен селектор, Роналд Куман. Иако Ливерпул се обидоа да го убедат Вајналдум да остане, во исто време го ангажираа Тијаго Алкантара минатото лето и имаат доволно опции да го заменат ако тој замине со слободен трансфер.

30-годишниот Холанѓанец е редовен во стартниот состав на Јирген Клоп оваа сезона со 15 настапи во Премиер лигата и 4 во Лигата на шампионите.

Share
Scroll to Top