Претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, повика на итно ослободување на рускиот опозициски лидер, Алексеј Навални, откако беше приведен по враќањето од Германија во Русија.
„Апсењето на Навални по неговото пристигнување во Москва е неприфатливо“, рече Мишел. Тој ги повика руските власти веднаш да го ослободат Навални.
The detainment of Alexey #Navalny upon arrival in Moscow is unacceptable.
I call on Russian authorities to immediately release him.
— Charles Michel (@eucopresident) January 17, 2021
Рускиот опозициски лидер беше приведен вечерва на московскиот аеродром Шереметјево на пасошка контрола по враќањето во Русија од Германија, каде се лекуваше за наводното труење.
На неговата сопруга Јулија, како и неговиот портпарол и адвокат им беше дозволено да влезат во Русија.