Почна сослушувањето на Навални

пред 4 години

Сослушувањето за случајот на рускиот опозиционер Алексеј Навални започна денес во градот Химки, близу Москва, објави неговиот портпарол Кира Јармиш.

Таа напиша на „Твитер“ дека сослушувањето на Навални започнало во 10:30 часот.

Руската затворска служба побара Навални да остане во притвор, објави новинската агенција „Интерфакс“.

Навални беше уапсен вчера на аеродромот во Москва, откако пристигна во Русија од Германија.

Share
Scroll to Top