Монако му нудат договор на Марсело

Монако му нудат договор на Марсело

пред 4 години

Фудбалскиот клуб Монако сака да го ангажира од Реал Мадрид ветеранот Марсело. Клубот од „малото кнежевство“ на Бразилецот му нуди договор на гри години.

Марсело има 32 години, две сезони е далеку од формата во која играше речиси цела деценија, но во Монако веруваат дека тој може се уште да игра на високо ниво. Поради тоа решиле да му понудат договор, но со помала плата од онаа што ја заработува во Мадрид.

Марсело, според договорот што го има со Реал, до 2022 година ќе заработува девет милиони евра. Монако најмногу можат да му понудат шест милиони евра по сезона.

Поранешниот репрезентативец на Бразил, оваа сезона, настапил на само седум натпревари за Реал.

Share
Scroll to Top