По Милена Радуловиќ и актерката Ива Илинчиќ јавно проговори за тешките моменти и злоставувањата кои таа ги доживелаа додека работела со нејзиниот професор по глума Мика Алексиќ.
Деновиве на големо се зборува за скандалот кој ја потресе цела Србија и признанието на нејзината колешка, актерката Милена Радуловиќ, која го обвини угледниот професор дека ја силувал кога таа била малолетна.
По неа, сега со обвинение излезе и нејзината колешка Илинчиќ, која вели дека има многу девојки кои ги познава и кои ги доживеале истите трауми како и нив, но немаат храброст да излезат во јавноста и да зборуваат за тоа.
Илинчиќ вели дека за разлика од Милена, таа имала повеќе среќа и дека не била силувана, но постојано била сексуално вознемирувана од страна на професорот.
„Шест години молчев, негирав, не кажав на никого. Си велев дека тој ми е како татко и размислував дека е невозможно да ми се случува такво нешто. Си мислев дека тој сака да ме подготви за суровиот свет на режисерите и продуцентите“, раскажа Илинчиќ за медиумите.
Илинчиќ е убедена дека злоставувањата кои ги правел Алексиќ почнале многу пред неа и Милена. Таа вели дека познава девојки кои сè уште не се подготвени да излезат во јавност и да ја кажат нивната приказна.
За потсетување, по исповедта на Радуловиќ, Алексиќ е во притвор и против него се подготвува
обвинение.