СЗО започнува постапка за сертифицирање на руската вакцина „спутник В“

пред 4 години

Светската здравствена организација (СЗО) ќе ја започне постапката за сертифицирање на вакцината против коронавирус „спутник В“ на 22 јануари, изјави портпаролот на Рускиот фонд за директни инвестиции.

„На 22 јануари СЗО ќе започне со постапката за проверка на документацијата за регистрација на вакцината ’спутник В’“, изјави претставникот на Фондот.

Претходно, претставникот на СЗО во Русија, Мелита Вујновиќ, објави дека производителите на руската вакцина против коронавирусот „спутник В“ поднеле барање за сертифицирање на вакцината до Светската здравствена организација во Женева, пренесува „Спутник“.

Вакцината „спутник В“, произведена од Институтот за научно истражување „Гамалеја“, на 11 август доби потврда за регистрација од руското Министерство за здравство, со што стана првата регистрирана вакцина против коронавирусот во светот.

Share
Scroll to Top