Фиби сними неколку сцени од специјалната епизода на „Пријатели“

Фиби сними неколку сцени од специјалната епизода на „Пријатели“

пред 4 години

Актерката Лиса Кудроу, која се прослави со улогата на Фиби во хит-серијата „Пријатели“, откри дека веќе снимила неколку сцени од специјалната епизода на серијата. Снимањето почнува на пролет, а сцените на Лиса се направени за време на пред-продукцијата.

Засега сè уште нема детали кога точно ќе почне снимањето со сите глумци и кога специјалното издание ќе се појави на HBO Max, бидејќи снимањето неколку пати се одложуваше поради пандемијата.

Во специјалната епизода ќе се појават сите ликови: Рејчел (Џенифер Анистон), Чендлер (Метју Пери), Фиби (Лиза Кудроу), Џои (Мет Лебланк), Моника (Кортни Кокс) и Рос (Дејвид Швимер).

Деталите за заплетот се уште не се познати, ни името на специјалното издание. Единствено се знае дека епизодата ќе се снима во истото студио каде е снимен оригиналот.

Share
Scroll to Top