Спецификациите за Oppo Find X3 Pro се појавија на FCC листингот. Претходно, се појави телефон со ознака на модел CPH2173. Овој модел најверојатно ќе биде Oppo Find X3 или Find X3 Pro, а сега на листата е забележан Find X3 Pro моделот .
Според FCC документацијата, Oppo Find X3 Pro ќе има систем со две батериски ќелии, од кои едната е со капацитет од 2200mAh, а другата 2250mAh. Оваа комбинација дава вкупен капацитет на батеријата од 4450mAh. Се споменува и поддршка за 65W брзо полнење . Телефонот ќе го користи ColorOS 11.2, базиран на Android 11.
Истиот Oppo телефон, со ознака за модел CPH2173, претходно беше забележан на Geekbench. Листингот тогаш откри поддршка за Qualcomm Snapdragon 888 чипсет, заедно со 12 GB RAM меморија. Гласините споменуваат и 50MP Sony сензор за главната камера, 25x телефото камера, ултраширок и макро сензор.
Се сугерира дека Oppo Find X3 и Find X3 Pro ќе имаат 6,7-инчни AMOLED дисплеи, со поддршка за променлива брзина на освежување од 120Hz, 2К резолуција и 10-битна длабочина на боите.