Тренерот на Реал Мадрид, Зиденин Зидан, е пред отказ, пишуваат шпанските медиуми. По синоќешниот пораз од третолигашот Алкојано, во „Купот на кралот“.
Алкојано триумфираше со 2:1 по продолженија, откако по 90 минути средбата заврши нерешено 1:1. Французинот веќе подолго време е под голем притисок од управата која сака промени, но во моментов немаат адекватно решение за клупата, па се подготвени да чекаат до летото.
Тие не сакаат веднаш да му дадат оставка на Зидан и да го растурат договорот, кој може да ги чини милионски суми пари. Како што пренесува шпанскиот весник „Марка“, управата ќе чека до крајот на сезоната. Реал Мадрид за кратко време остана без два трофеја.
„Кралевите“ ги изгубија „Суперкупот на Шпанија“ и „Купот на кралот“, но и понатаму се во игра за трофеите во „Лига на шампиони“ и шпанското првенство.
Во првиот дел од сезоната, Зидан имаше тешки моменти, како поразот од Шахтјор во Лига на шампиони, но клубот на крајот успеа да осигура пласман во нокаут фазата.
Во „Примера“, има заостанување зад лидерот Атлетико Мадрид од само четири бода, но, „јорганџиите“ имаат одиграно два меча помалку. Ако победат во двата дуела, разликата би можела да се зголеми и на 10 бода.