Тешка група за Србија на АТП-купот

Тешка група за Србија на АТП-купот

пред 4 години

Организаторот на АТП-купот, синоќа во Мелбурн, ги одреди групите за годинешното издание на овој турнир. Бранителот на трофејот, репрезентацијата на Србија, во групата А ќе игра против Германија и Канада.

Србите ќе ги предводи Новак Ѓоковиќ, во тимот уште се и Душан Лајовиќ, Филип Крајиновиќ и Душан Чачиќ. За Германија ќе играат Александар Зверев и Јан-Ленард Штруф, додека Канада ќе ја предводат Милош Раониќ и Денис Шаповалов.

Шпанија, Грција и домаќинот Австралија се во Б-групата, во Ц-групата се сместени Австрија, Италија и Франција, а во Д-групата се Русија, Аргентина и Јапонија.

Во фазата по групи ќе се игра по системот секој со секого, се играат два меча во сингл и еден во дубл. Победниците на групите ќе изборат пласман во полу=финалето.

АТП-купот ќе се одржи во Мелбурн од 1. до 5.февруари.

 

Share
Scroll to Top