(Видео) Објавен трејлерот за документарецот на Бритни Спирс

(Видео) Објавен трејлерот за документарецот на Бритни Спирс

пред 4 години

Деновиве беше објавен првиот трејлер за документарниот филм на светската пејачка Бритни Спирс. Во Frame Birtney Spears се говори за нејзината музичка кариера и правните битки кои таа ги води со нејзиниот татко околу старателството и за движењето на #FreeBritney.

Ова движење и даде целосна поддршка на Бритни во битката со татко ѝ и јавно изврши притисок за нејзино ослободување од него. За потсетување, целата грижа и одговорност за Бритни од 2008 година, ја превзема нејзиниот татко, откако судот одлучи дека таа не може да води грижа за себе.

Бритни беше хоспитализирана поради нејзиното наводно нестабилно ментално здравје. Судската одлука беше привремена, а истата беше прогласена за трајна во декември истата година. Во август 2020 година, пејачката изјави дека не сака повеќе да биде контролирана од татко ѝ.

Во ноември истата година, таа побара да биде отстранет од позицијата старател и да биде исфрлен од нејзиниот имот. Исто така објави дека се повлекува од музичката сцена.

Филмот треба да биде претставен како шести дел од документарната серија „The New York Times Presents“ во февруари годинава. Документарецот ќе биде прикажан на 5 февруари и на американската мрежа FX и на стриминг-страницата Хулу.

Во филмот се појавуваат блиски пријатели на пејачката и адвокати вклучени во судскиот спор. Најавено е дека филмот ќе ја преиспита нејзината кариера и ќе понуди нова перспектива за движењето кое се крена против старателството што и беше доделено преку судовите.

 

Share
Scroll to Top