Почина Марија од „Жикина династија“

Почина Марија од „Жикина династија“

пред 4 години

Актерката Ријалда Кадриќ, позната по улогата на Марија од „Жикина династија“, почина ненадејно синоќа на 57-годишна возраст. Таа почина во Атина, каде што живее веќе неколку години, потврдил нејзиниот пријател за српските медиуми.

Веста за нејзината смрт ја објави и нејзиниот пријател Душан на Фејсбук, а тој се прости од неа.

„Ријалда Шебек (1963-2021), актерка и психоаналитичарка, драг пријател, почина синоќа. Плачев откако не знам колку време – целата криза и депресија околу короната и личниот живот за време на оваа социјална чума не ми дава повод да стапам во контакт со мојата тага затоа што се обидувам да бидам силен и да преживеам. Смртта на Ријалда го стори тоа. Неочекувано, премногу брзо. Луѓето имаат тенденција да мислат дека никој близок никогаш нема да замине, барем не нагло, бидејќи тоа е најтешкиот дел, кога ќе изгубиме некој без навестување, без шанса да се разделиме, без збор“, напиша тој.

Share
Scroll to Top