Во богатата ММА кариера Конор Мекгрегор има 27 професионални мечеви, од кои голем дел биле спектакуларни. Сепак, на никого не му појде од рака да го нокаутира се до минатиот викенд кога октагонот го делеше со Дастин Поаире.
Иако Ирецот беше голем фаворит во обложувалниците и имаше почетна доминација, сепак во втората рунда заврши на на подот, а октагонот го заврши со бројни повреди на лицето и тешка повреда на ногата.
Конор прими голем број удари во листот на десната нога, поради што лекарска комисија му забрани да се бори во наредните 180 дена – причина е потенцијална повреда на коската на потколеницата.
„Ногата ми е мртва, мислев неговите удари да ги блокирам со `цеваницата`, но сите удари завршија во мускулот, па тој претрпе голема штета“ – истакна Мекгрегор.
За потсетување, Конор Мекгрегор (22-5 MMA, 10-3 UFC) по една година се врати во октагонот, па прашање е какви му се плановите и дали ќе ја продолжи трологијата со Поаире затоа што скорот сега им е 1:1.