Вербалниот дуел, кој лесно можеше да прерасне во физичка пресметка, помеѓу Златан Ибрахимовиќ и Ромелу Лукаку, го обележа градското дерби, кое го одиграа Милан и Интер во Купот на Италија.
Капитенот на Милан, Ромањоли, направи фаул врз Лукаку, по што започна вербалната расправија помеѓу Белгиецот и шведскиот ветеран. Лукаку нешто му дофрли на Ибрахимовиќ, кој се обиде со глава да го удри противникот.
Судијата Валери на двајцата им покажа по жолт картон, но и покрај тоа тие ја продолжија расправијата.
Сите што го следеа дуелот, може да разберат какви навреди си поделија.
Ибрахимовиќ: „Магаре, јави и се на мајката ти и правете ги оние ваши вуду глупости“.
Лукаку: „Да ве е..м и тебе и твојата жена. Сакаш малку и за твојата мајка, таа е курва“.
До крајот на мечот Ибрахимовиќ доби уште еден жолт картон, мораше да го напушти теренот, а Интер со играч повеќе на теренот успеа да направи пресврт и да победи со 2:1.
Un po’ di nervosismo in campo… #InterMilan pic.twitter.com/ixDePiMcCl
— Johnny il gobbo (@JontripJohn) January 26, 2021