Новиот Linux порт му овозможува на Mac со Apple M1 чип првпат да го стартува Ubuntu. Corellium, компанијата која нуди виртуелизирана верзија на iOS за безбедносно тестирање, успешно го префрли Ubuntu на M1 Mac и издаде водич за останатите. Изменетата верзија на Ubuntu се покренува преку редовниот кориснички интерфејс и вклучува USB поддршка.
Тимот во Corellium точно објасни како успеал да го покрене Ubuntu. Иако одреден број М1 компоненти се делат со мобилните чипови на Apple, нестандардните чипови предизвикаа создавање на Linux управувачки програми, за правилно да функционира Ubuntu. Apple не ги дизајнираше M1 Mac компјутерите, имајќи ги во предвид Dual-boot или Boot Camp.
Linux is now completely usable on the Mac mini M1. Booting from USB a full Ubuntu desktop (rpi). Network works via a USB c dongle. Update includes support for USB, I2C, DART. We will push changes to our GitHub and a tutorial later today. Thanks to the @CorelliumHQ team ❤️? pic.twitter.com/uBDbDmvJUG
— Chris Wade (@cmwdotme) January 20, 2021
Хектор Мартин, програмер кој редовно го покренува Linux на различни хардвери, го пренесе и Linux на M1 Mac. Се чини дека програмерите ги мамат преностите на перформансите што ги нудат M1 чиповите на Apple и можноста за стартување на Linux на тивка машина заснована на ARM. Техничкиот директор на Corellium, Крис Вејд го опишува овој нов порт како целосно употреблив на Mac Mini M1, а функционира со покренување на целосната работна површина на Ubuntu од USB. Сепак, ќе ви треба USB-C адаптер за да функционира вмрежувањето, а постапката на покренување на порот ќе бара малку запознавање со Linux и прилагодените кернели. Corellium објави водич за процесот, доколку сте заинтересирани да го испробате овој бета проект.