Убиен млад руски фудбалер - Reporter.mk

Убиен млад руски фудбалер – Reporter.mk

пред 4 години

Дваесет и едногодишниот Јегор Дробиш од Русија бил свирепо убиен во текот на ноќта додека се враќал од забава со негови другар. Двајцата биле нападнати од засега непознати лица. Јегор, кој се обидел да се одбрани, бил прободен со нож директно во срцето.

Според полицијата, тој и другар му биле пијани. Несреќниот фудбалер скокнал од местото па му била нанесена смртоносна рана, додека неговиот другар, кој е година дена постар од него, во моментов се наоѓа на реанимација. Лекарите се борат за неговиот живот.

Полицијата вели дека е покрената полициска потрага по напаѓачите. Јегор бил еден од лидерите на подмладокот на клубот Иртиш, а за првиот тим во претходната сезона одиграл три натпревари.


Ќе ви се допадне

Share
Scroll to Top