Клоп: Челси беше груб со Лампард, екипата е подарок за Тухел

Клоп: Челси беше груб со Лампард, екипата е подарок за Тухел

пред 4 години

Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп го критукуваше Челси поради отказот на Френк Лампард, откако во неделата Англичанецот доби отказ по 18 месеци на позиција главен менаџер. Го замени Германецот Томас Тухел.

Клоп смета дека Лампард заслужи повеќе време за да ги поправи резултатите. „Сините“ од Лондон во моментов се 10-ти на табелата во Премиерлигата.

„Морам да кажам дека ова е навистина остро. Мислам дека Челси заврши одлична работа во преодниот рок, донесе добри фудбалери, а за такви работи е потребно време. Абрамович ви пружа шанса, пари, играчи, но не е една од најтрпеливите личности во светот. Френк е млад и талентиран тренер, сочувствувам со него и му посакувам се најдобро“ рече Клоп.

Томас Тухел потпиша 18 месечен договор со Челси, а дебито ќе го има вечерва против Вулверхемптон. Клоп за својот 47-годишен сонародник има пофални зборови.

„Тухел е сјаен, на наша жал, тој е навистина добар тренер. Го знам долго и многу го почитувам. Оваа екипа му е подарок и верувам дека и тој гледа така“ смета менаџерот на Ливерпул.

Share
Scroll to Top