Адвокатката Амал Клуни стана позната по венчавката со Џорџ Клуни, а за кратко време им стана пример на многу жени ширум светот. Таа е образована, амбициозна и успешна жена. Освен тоа, и нејзиниот стил е беспрекорен. Таа одлично ги познава сите модни правила и трендови. Ова се шесте модни заповеди што сите жени треба да ги практикуваат.
Правило 1: Фустан што одговара на обликот на телото
Гардеробата не се одбира според трендовите, се одбира онаа гардероба што најдобро и прилега на градбата. Амал обожава да носи фустани и најдобро се чувствува во нив, но никогаш не би ги носела по секоја цена, само затоа што се во тренд.
Правило 2: Бојата на чевлите се усогласува со бојата на фустанот
Таа речиси секогаш го почитува ова правило и вели дека така можноста за правење греши е сведена на минимум.
Правило 3: Секогаш се вложува во квалитетен капут
Амал е сигурна дека секоја жена мора да има во плакарот барем еден модел на добро скроен капут. Таа предлага еден во впечатлива боја кој секој стајлинг ќе го направи интересен.
Правило 4: Во некои пригоди потпетиците не се добар избор
Поголемиот дел од времето го поминува во судница и најчесто е во високи потпетици, но вели дека тие некогаш не се најдобрата опција. Кога не е во судот, со задоволство одбира рамни и удобни обувки.
„Никако немојте да носите потпетици по секоја цена. Жената може одлично да изгледа и во рамни обувки, а во некои пригоди едноставно е непримерно да ги носите“, вели таа.
Правило 5: Помалку е повеќе
Таа обожава модни додатоци, но никогаш не претерува. Верува дека едно парче накит е сосема доволно за да се надополни секој стајлинг.
Правило 6: Големо ДА за посмели комбинации
Кога излегува, нејзиниот стил е малку похрабар. Таа обожава да ја покажува својата вита фигура, но со мерка. Вели дека нема ништо против кратки маици и фустани, ако тоа не ја преминува границата на пристојноста.