Португалија ќе одлучува за легализирање на евтаназијата

пред 3 години

Португалскиот парламент денеска ќе одлучува за законот со кој се дозволува доброволна смрт со медицинска помош, со што ќе биде четвртата во Европа што ја легализира евтаназијата. Белгија, Холандија и Луксембург се трите земји во Европа во кои евтаназија е легална.

Предлог-законот го легализира пристапот до асистирано самоубиство за постарите пациенти во ситуација на „екстремно страдање и неповратна попреченост“.Лекарите и психијатрите треба да ја потврдат одлуката доколку има сомнеж во способноста на пациентот самиот да направи избор.

Share
Scroll to Top