Силна експлозија се случи утрово во станбена зграда во Лангенцерсдорф, Долна Австрија.
Пожарникарите трагаат по повредените во урнатините, а досега пронашле тројца повредени. Засега е целосно нејасно колку луѓе сè уште се во зградата. Според портпаролот на противпожарната служба, Франц Респергер, се урнале третиот и четвртиот кат на зградата.
?? Gāzes sprādziens un ugunsgrēks noposta dzīvokļus dzīvojamās mājas 3 un 4 stāvā #Langenzersdorf #Austrija. Pagaidām nav informācijas par upuru skaitu.
? Schmid Mario pic.twitter.com/1GiB6u5Wxk— BreakingLV (@breakinglv) January 29, 2021
По пристигнувањето, пожарникарите ја нашле зградата во пламен, и 150 пожарникари се бореле против огнот. Респергер вели дека дејствувањето од внатрешноста на зградата сега е опасно и дека пожарникарите дејствуваат однадвор, затоа што постои опасност од уривање.
Според сликите од теренот, може да се види дека недостасуваат комплетни делови од зградата, кои паднале на улица и на паркирани автомобили. Луѓето од соседните куќи тврдат дека во урнатата зграда живееле бројни семејства со деца.