Telegram објави ново ажурирање за своите Android и iOS апликации, со верзија 7.4.0. Во оваа надградба, популарната услуга додава можност за импортирање на разговорите од неколку други чет-апликации, повеќе опции за бришење разговори, неколку подобрувања за гласовните разговори и нови анимации на Android.
Поттикнат од големиот прилив на корисници од WhatsApp, Telegram додаде можност за импортирање на разговорите, индивидуалните и групни од WhatsApp, Line и KakaoTalk услугите.
Telegram веќе ја имаше можноста за бришење на индивидуални разговори од двете страни (испраќач и примател), а со новото ажурирање можноста за бришење е проширена на тајни разговори, групи и историја на повици.
Voice Chats опцијата е подобрена со опцијата за прилагодување на звукот за одделни учесници во разговорот, додека вградениот аудио плеер има можност за брзо премотување на содржини.
Telegram 7.4.0 можно да се инсталира преку Play Store и App Store продавниците на апликации.