Светски познатиот дизајнер со македонско потекло, Тони Матичевски, ја облече Хајди Клум за неодамнешната Берлинската модна недела. Топ моделот беше специјална гостинка на последниот ден од модниот настан и ги водушеви стилистите со белата комбинација. Креацијата од панталони, сако и корсет со сребрени детали, беше дополнета со маска во истиот стил.
Матичевски уште пред неколку дена најави дека подготвува нешто за германскиот топ модел, а откако таа ја носеше неговата креација во Берлин, и самиот објави фотки на „Инстаграм“.