Од денеска може да сметаме дека ќе влијаеме и ќе учествуваме активно во сите мерки доколку има потреба да се донесуваат, велат од Независната угостителска комора (НУК).
НУК денеска го имаше првиот состанок со Владата, односно со вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи.
„Од нашите пет барања, три се исполнети, четвртото останува да се доработи, а во однос на петтото немаше. Месец јануари е на некој начин изгубен по однос на субвенцијата за плати, но тоа државата работи како ќе ги надокнатди во наредниот период“, вели Здравко Јосифовски од НУК.
Тој нагласи дека ќе можат да кажат дека се задоволни тогаш кога реално ќе ги добијат мерките.
„Можеме да кажеме дека првиот чекор кон доброто за угстителската индустрија сме го направиле“, вели тој.
На денешната средба договориле дека пред презентацијата на мерките кои ќе ги донесе Владата, ќе има уште една средба со Битиќи.