Фудбалерите на Манчестер сити и Кристал Палас забележаа минимални победи во 21.коло, во Премиер лигата, додека во дербито на дното ВБА и Фулам одиграа без победник 2.2.
Манчестер сити, на последните четири натпревари постигнаа 14 голови, а против фенерџијата Шефилд јунајтед, еден гол им беше доволен за победа. Шефилд, пред неколку дена славеа во Манчестер, над Јунајтед, но против Сити немаа шанси. Голот на Габриел Жесус во деветтата минута го реши победникот. Сити со два натпревари помалу од Јунајтед се лидери, имаат четири бода повеќе од градските ривали.
Еден гол го реши победникот и на натпреварот што го одиграа Кристал Палас и Вулверхемптон. На истекот на 60.минута, голот вреден три бода го постигна Езе.
ВБА не успеа да забележат победа над Фулам, натпреварот заврши 2:2. Фулам водеа со голот на Рид, потоа ВБА направија пресврт преку Бартли и Переира. Конечниот резултат го постави Кавалеиро.