Бразилската убавица, Наталија Гитлер, позната по своите фудбалски вештини, се понуди да му дава часови на Новак Ѓоковиќ.
„Кралицата на плажата“ е светска шампионка во „футволеј“ (спорт кој е комбинација на одбојка на песок и фудбал), во поединечна конкуренција и во конкуренција на парови.
Најдобриот светски тенисер ја означил на Инстаграм, а таа му одговрила.
„Можам да се обложам дека покрај мене, за еден месец, ќе станеш професионалец во овој спорт“, напишала Бразилката.
„Со нетрпение чекам да учам од најдобрата“, одговорил српскиот тенисер кој се наоѓа во Мелбурн, каде го очекува настапот на првиот Гренд слем во сезоната, Австралија опен.
View this post on Instagram