Новиот американски државен секретар: Русија користи брутални тактики кон мирните демонстранти

пред 4 години

Соединетите држави ја осудуваат бруталната тактика на Русија кон мирните демонстранти и новинари, изјави денеска американскиот државен секретар Антони Блинкен, додека руската полиција веќе приведе повеќе од 2.000 луѓе на опозициските протестите низ целата земја.

Блинкен побара ослободување од затвор на водечкиот критичар на Кремљ. опозиционерот Александар Навални.

„Соединетите држави ја осудуваат континуираната употреба на брутални тактики против мирните демонстранти и новинари, што руските власти ги применуваат веќе втора недела по ред. Го повторуваме нашиот повик до Русија да ги ослободи оние кои се уапсени заради остварување на своите човекови права, вклучително и Алексеј Навални“, напиша на „Твитер“, Ентони Бликен.

Руската полицијата денекса распореди голем број сили и го затвори пристапот до центарот во неколку градови поради протестите кои со одржуваат во знак на поддршка за Навални.

ОВД-Инфо, група што ги следи човековите права и политичкиот прогон, соопшти дека полицијата досега привела најмалку 2.200 лица на протестите низ целата земја, од кои 520 во Москва. Инаку, официјалните власти во Русија ги прогласија овие собири за недозволени.

На неодобрениот протест во Москва, полицијата ја уапсила и сопругата на Алексеј Навални, Јулија, објавија нивните соработници на социјалните мрежи.

Таа беше приведена и минатата недела на сличен протест, на кој учесниците бараа ослободување на нејзиниот сопруг од затвор.

Share
Scroll to Top