Тивкиот бизнисмен ја направи среќна Лејди Гага: пејачката ужива во љубовта

Тивкиот бизнисмен ја направи среќна Лејди Гага: пејачката ужива во љубовта

пред 4 години

Пејачката и актерка Лејди Гага е во среќна врска со бизнисменот Мајкл Полански, а по една година, признава дека е среќна и лудо вљубена. Својата љубов Лејди Гага и Мајкл Полански ја покажаа на неодамнешната инаугурација на претседателот Џо Бајден. По изведбата на американската химна, Гага и дечкото се бакнуваа преку маска.

„На инауграцијата Гага доживеа ерупција на одлично расположение. Многу е среќна со Мајкл и благодарна за неговата поддршка“, изјави нејзин близок пријател за „Пипл“.

И на Полански му беше чест што може да биде зад кулисите и да ја поддржи својата партнерка.

„Му беше задоволство да е зад сцената и целосно се вклопи. На неколкумина со кои се сретна зад сцената на Капитол, Гага го претстави како свој дечко“, вели истиот извор, кој бил во придружбата на пејачката.

Откога лани во февруари ја потврди нивната врска, двојката главно се држеше подалеку од очите на јавноста, па доаѓањето на инаугурацијата на Бајден беше едно од нивните ретки заеднички појавувања.

Колористичната поп-ѕвезда и тивкиот бизнисмен, кои на прв поглед изгледаат како комплетно спротивни личности, прв пат се видени како се бакнуваат на пречекот на Новата 2020 година во Лас Вегас.

„Однадвор Гага и Мајкл многу се разликуваат. Кога ќе излезат заедно, тој секогаш изгледа лежерно, во фармерки и капа, а Гага е многу забележителна. Но, минатата година многу се поврзаа и преку своите професии се концентрираа на позитивините промени во светот“, вели пријателот на пејачката и открива дека се вредни и сакаат заедно да работат на хуманитарни проекти.

Share
Scroll to Top