Силно снежно невреме го погоди североистокот на САД. Њујорк е парализиран, а летовите се откажани.
Во оваа најнаселена област во САД, издадено е предупредување за невреме, а според прогнозите на метеоролозите, денеска ќе се формира снежна покривка меѓу 30 и 60 сантиметри снег, објави Би-Би-Си.
Снежна покривка од над 40 сантиметри се формира во делови на сојузните држави Њу Џерси и Пенсилванија, а 33 сантиметри во Њујорк.
Њу Џерси и Њујорк прогласија вонредна состојба.
„Ова е опасна ситуација, опасна по живот“, рече градоначалникот на Њујорк, Бил де Блазио.
На аеродромите околу Њујорк откажани се 90 проценти од летовите, а делумно се погодени железничкиот сообраќај и подземната железница.