Нора Шаќири нов в.д. директор на Театар Комедија

пред 3 години

Нора Шаќири Марковиќ е именувана за в.д. директор на Театар Комедија, откако Министерството за култура го разреши Сашо Ристовски од оваа функција.

„Поради неправилности во работењето, утврдени од вонредниот инспекциски надзор од Министерството за култура, денеска е разрешен Сашо Ристовски од функцијата директор на НУ Театар Комедија. При надзорот е утврдено дека директорот на театарот презел обврски над одобрените средства од Министерството за култура во вкупен износ од 8.734 486,оо денари без притоа истите да ги обезбеди од други извори. Со тоа е сторена повреда на чл.70 а, став 4 од Законот за култура“, соопшти Министерството за култура.

До изборот на нов директор, заради непречено фунционирање на оваа установа, од таму соопштија дека за в.д. директор е назначена Нора Шаќири Марковиќ, вработена во театарот.

Share
Scroll to Top