Велика Британија започнува масовно тестирање на 80.000 граѓани од врата до врата во областите каде што е откриен новиот сој на коронавирус од Јужна Африка, пренесува „Гардијан“.
Во осум области каде што е откриен новиот сој од Јужна Африка, граѓаните ќе бидат тестирани без оглед дали имаат симптоми на болеста.
Околу 10.000 граѓани ќе бидат тестирани во секоја од овие области, а три се наоѓаат во Лондон.