Нејмар ќе потпише нов договор со ПСЖ

Нејмар ќе потпише нов договор со ПСЖ

пред 4 години

Нејмар наскоро ќе потпише нов, четири годишен договор со ПСЖ. Бразилецот е член на „светците“ од август 2017 година, кога за светски рекорд од 222.000.000 евра, пристигна во клубот од Барселона.

Нејмар, минатата недела, во изјава за француските медиуми, рекол дека е среќен во Париз, дека сака да го продолжи договорот и дека сака истото да го направи и Килијан Мбапе.

Бразилскиот новинар, Марсело Бехлер, тврди дека само прашање на денот е кога Нејмар ќе го стави својот потпис на новиот договор со ПСЖ.

Инаку, овој новинар, минатото лето прв објави дека Меси сака да ја напупти Барселона и дека Луис Суарез ќе се пресели во Атлетико Мадрид.

Share
Scroll to Top