Куман: Не сум сигурен дека Меси ќе остане во клубот

Куман: Не сум сигурен дека Меси ќе остане во клубот

пред 4 години

Тренерот на Барселона, Роналд Куман, не е сигурен дека Лионел Меси наредната сезона ќе го предводи тимот од „Ноу Камп“.

Договорот на Меси со Барселона истекува за неколку месеци, клубот, бидејќи нема претседател, засега не преговара со фудбалерот. Претседателските избори во Барселона се закажани за 7.март.

Меси, во летниот преоден рок, сакаше да го напушти клубот, Барса не сакаше да му ја исполни таа желба.

„Не сум сигурен дека Меси ќе остане во Барселона. Се надевам дека ќе остане, и понатаму е голем играч кој може да ни носи победи“, рекол тренерот на Барселона и дополнил.

„Уживање е да се биде негов тренер. Секојдневно го гледам на тренинзите. Неверојатно е што се може. Не можам да го замислам во друг дрес“.

Share
Scroll to Top