„Мерилин Менсон со години ужасно ме вознемируваше“, откри актерката Еван Речел Вуд

„Мерилин Менсон со години ужасно ме вознемируваше“, откри актерката Еван Речел Вуд

пред 4 години

Рокерот Мерилин Менсон е отпуштен од неговата издавачка куќа еден ден откако актерката Еван Рејчел Вуд го обвини за сексуално малтретирање. Таа рече дека Менсон ужасно ја вознемирувал.

Вуд, ѕвездата на серијата „Западен свет“, во минатото често зборуваше дека била малтретирана во врска, но никогаш не кажа од кого.

„Името на мојот малтретирач е Брајан Ворнер, кој на светот му е познат како Мерилин Менсон. Тој почна да ми се пушта уште додека бев тинејџерка и потоа со години ужасно ме малтретираше. Ме потчини и ми го испра мозокот и ме манипулира цело време. Тука сум да разоткријам опасен човек пред да уништи други животи“, напиша Вуд вчера на „Инстаграм“.

Врската на Вуд и Менсон стана јавна во 2007 кога таа имаше 19, а тој 38 години. Тие кратко беа свршени во 2010 по што раскинаа.

По Вуд, уште четири други жени излегоа со слични обвинувања против Менсон, а издавачката куќа „Лома виста“ објави дека ќе престане со промоцијата на неговиот нов албум, како и дека ќе ја прекине соработка во иднина.

Share
Scroll to Top