Бројот на вакцинирани против коронавирус го надмина бројот на заразени во светот

пред 3 години

Бројот на луѓе вакцинирани против Ковид-19 на глобално ниво го надмина вкупниот број на сите случаи на заболувањето во светот, пренесува ТАСС.

Врз основа на анализата на официјалните податоци и извештаите во медиумите, ТАСС наведе дека најмалку 105,1 милион луѓе биле вакцинирани ширум светот, додека вкупно биле заразени околу 103,9 милиони луѓе.

Најголем број вакцинирани има во САД (33,7 милиони), потоа во Велика Британија (10,2 милиони) и Израел (5,05 милиони).

Во Израел вакцинирани се 56,86 проценти од вкупното население, во Обединетите Арапски Емирати 38,83 проценти и на Сејшелите 36,25 проценти.

Share
Scroll to Top