Здравствените власти на Јужна Кореја открија локална трансмисија на нови видови на Ковид-19, поради што стравуваат дека овие трансмисии се дури и позаразни од мутираните видови.
Центарот за превенција и контрола на болести навел дека биле откриени уште четири локални случаи на британски и еден случај на јужноафрикански вид, објави АП.
Од октомври, здравствените работници открија 39 случаи на нови видови на коронавирус, вклучително и бразилскиот, а досега сите откриени случаи се однесуваат на лица кои дошле од странство.
Сепак, новите видови почнаа да се појавуваат локално и ги шират луѓе чии роднини неодамна се вратиле од странство, додаде агенцијата КДЦА.