ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ да не меша баби и жаби, и да каже зошто Македонија е црна дупка и нема вакцини

пред 4 години

Февруари дојде, а вакцини се уште нема. Цел регион масовно се вакцинира, а во светски рамки бројот на вакцинирани го помина бројот на заболени, само во Македонија абер нема од вакцина, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„И наместо Филипче да каже што правеше до сега и зошто не набави вакцина, прави муабет за ланскиот снег. Филипче директно го загрозува јавното здравје со секој поминат ден без вакцини. Македонија оди кон 3000 жртви од КОВИД, луѓе од кои дел можеби ќе биле живи доколку вакцината во Македонија дојдеше како и во сите нормални држави. 6 месеци поминаа, што е доволно долг период да се договори вакцина, но дали наместо договарање вакцина Филипче договараше аванта?!“ се наведува во соопштението.

Од опозициската партија  бараат Филипче да каже до кога граѓаните ќе бидат жртви на лошиот менаџмент во здравството. „До кога луѓе ќе ни паѓаат по улици на само 50 метри од болници, а ќе чекаат брза помош 30 минути?! До кога инфузии ќе се примаат во двор на болница?! До кога живи пациенти ќе лежат до починати?! До кога ќе ги прави граѓаните дека ништо не разбираат?!“,  прашува ВМРО-ДПМНЕ.

Share
Scroll to Top