Поради дојава за бомба, евакуиран Општинскиoт суд во Сараево

пред 5 години

Сите лица од зградата на Општинскиот суд во Сараево беа евакуирани утрово поради дојавата дека е поставена експлозивна направа, беше речено од Оперативниот центар на Министерството за внатрешни работи (МУП) на Сараевскиот кантон.

Министерството за внатрешни работи наведе дека извештајот за поставената бомба го добиле околу 9:00 часот, пренесува „Српскаинфо“.

Повеќе информации ќе бидат познати по истрагата што е во тек, беше речено од кантоналниот МУП.

Share
Scroll to Top